8-годишно дете од Скопје силувано од двајца малолетници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осумгодишно дете од Скопје било силувано од двајца малолетници, кои настанот го снимале со мобилен телефон и потоа снимката ја препратиле на свои познаници.

Полицијата била информирана за настанот, што се случил пред десетина дена, откако мајката на силуваното дете го пријавила случајот во полициската станица Бит Пазар. По приемот на пријавата, припадници на МВР извршиле службен разговор во полициска станица со малолетниците, кои се на возраст од 10 и 13 години, и со нивните родителите, го документирале случајот и поднеле соодветна пријава.

Како што јави телевизија Телма повикувајќи се на извори од истрагата, бидејќи двајцата осомничени силувачи се помлади од 14 години, против нив не може да биде поведена постапка за кривична одговорност, туку по случајот постапува Центарот за социјални работи.

Службеници од Центарот за социјални работи веќе разговарале со двајцата малолетници и е договорено да работат со децата и со нивните родители.