Home Актуелно 71 отсто од младите помеѓу 25 и 29 години во Македонија живеат со родителите

71 отсто од младите помеѓу 25 и 29 години во Македонија живеат со родителите

Според истражувањето на „Евростат“ за бројот на млади жители меѓу 25 и 29 години кои живеат со родителите Македонија се наоѓа на шестата позиција зад Албанија, Грција, Србија, Црна Гора и Хрватска.

Од регионот најмногу од младите, односно 79,9 отсто, на оваа возраст живеат со своите родители во Хрватска, додека на втората позиција се наоѓа Црна Гора со 78,7 проценти од младите жители. На третата позиција на листата на „Евростат“ се наоѓа Србија со 76,4 отсто, по што следат Грција со 72,9 и Албанија со 72,8 проценти во топ-5 на листата.

На шестата позиција се наоѓа Македонија со 71 отсто од младите меѓу 25 и 29 години кои живеат со своите родители, а помал број од младите кои го делат својот дом со родителите се Италија со 69,8, Косово со 68,6, Португалија со 68,1 и Словачка со 67,4 проценти.

Балканските земји доминираат на листата на „Евростат“, а на тоа влијаат повеќе фактори, меѓу кои и финансиската моќ која ја имаат жителите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…