600 долари од ноќевање за незаборавно доживување во шведскиот хотел од мраз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во близина на најсеверниот шведски град Јукасјарви, место каде каде просечните температури се далеку под нулата, изградено е вистинско архитектонско и уметничко чудо кое импресионира со својата неконвенционалност.

Станува збор за „Кируна“, хотелот целосно изграден од мраз, кој претставува вистинска атракција веќе три децении, а е повторно отворен за посетителите. Хотелот се реновира и ги отвора своите врати секој декември и ги прима гостите до април.

Содржи вкупно 15 уметнички апартмани, во чија изработка учествуваа уметници и скулптори од целиот свет. Од 126 апликанти, 31 биле избрани да ги дизајнираат самите апартмани и предметите – столови, маси, лустери, шишиња, разни украси и слично. Исто така, постои и бар со ледени чаши и капела од мраз, која е популарна кај новите брачни двојки.

Користен е мраз од реката Торна долга 522 километри што ја формира границата помеѓу Шведска и Финска. Мразот во облик на блокови е извлекуван од реката до крајот на март или почетокот на април, кога веќе се топи. Ледените блокови потоа се чуваат и го чекаат моментот кога ќе се искористат.

Апартман од мраз чини 600 долари за ноќ, но во цената е вклучен и погледот кон спектакуларната дивина која е во позадината на хотелот.