600 апликации отстранети од Play Store – ги прекршувале правилата за рекламирање


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Изминатиов период технолошкиот гигант Google отстрани 600 апликации од Play Store продавницата на Android, а нивните програмери ги има блокирано од платформите за реклами и заработка. Причината за ваквиот потег било прекршувањето на правилата за рекламирање од нивна страна правејќи сè што можат за да им ги „наметнат“ рекламите на своите корисници.

Некои од овие апликации оделе до таму што рекламите ги прикажувале дури и кога апликацијата не се користела во моментот.

Од Google истакнуваат дека има ситуации кога реклами ненадејно се прикажуваат на целиот екран кога корисникот се обидува да одговори на телефонски повик, кога сака да го отклучи својот телефон, па дури и кога користи навигација преку некоја од апликациите со мапи.

Ова секако дека е нешто што не би требало да е дозволено, а од компанијата добро истакнуваат дека на овој начин се прави штета не само на корисниците, туку и на огласувачите и маркетинг агенциите.

Според BuzzFeed повеќето од овие апликации се од Кина, Индија и Сингапур, а дел од имињата се и веќе одамна познати за корисниците.

Од Google исто така истакнуваат дека програмерите стануваат се повеќе способни и креативни во „измамата“ на системот за заштита и откривање на вакви реклами. Сепак, од Google со помош на вештачката интелигенција, успеваат да ги откријат овие апликации.