Home Вебкафе 60 часа – толку се изналежа овогодинешниот победник на црногорскиот натпревар во лежење

60 часа – толку се изналежа овогодинешниот победник на црногорскиот натпревар во лежење

Жарко Пејановиќ е победник на 12-тиот по ред натпревар во лежење, кој традиционално се одржува во Црна Гора во етно селото Црна Гора, недалеку од Никшиќ.

Пејановиќ издржал 60 часа лежење и освои 350 евра за трудот, рафтинг, викенд во етно селото, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу спонзорски награди.

„Не беше тешко. Верувајте ми, дури не се ни загреав“, изјавил тој.

„Кога друштвото доаѓа да ги поддржи конкурентите, тоа е забавно, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога доаѓа нечие семејство, тешко е да не станете“, објасни тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…