5 причини да ги вклучите бразилските ореви во вашата исхрана

5 причини да ги вклучите бразилските ореви во вашата исхрана

Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бразилските ореви се препорачуваат од страна на многу нутриционисти на своите клиенти.

Тие се прилично калорични, па нутриционистите најчесто препорачуваат 2-3 ореви 3 пати неделно како попладневна закуска.

Бразилските ореви можат да изгледаат досадно на прв поглед (како големи, чудни бадеми), но имаат пријатен вкус, а ние одлучивме да ја истражиме нивната хранлива вредност и мораме да признаеме дека сме пријатно изненадени.

Погледнете го ова бразилско богатство и неговите предности за вашиот организам.

Помагаат во варењето

Содржината на влакна во бразилските ореви ги прави идеални за регулирање на вашиот дигестивен систем. Влакната го олеснуваат перисталтичкото движење во гастроинтестиналниот тракт, поместувајќи го јадењето низ системот и извлекувајќи што е можно повеќе хранливи материи.

Бразилските ореви лекуваат акни

Се покажа дека високата содржина на цинк во бразилските ореви ги штити или ja намалува појавата на акни. Богатата содржина на витамини и антиоксиданси во нивното масло е главната причина за ова заштитно својство.

Губите тежина

Хранливите материи во оваа закуска, како влакна, протеини и комплексни јаглехидрати, ја прават идеална за задржување на гладот или желбата. Сепак, 30 грама бразилски ореви содржат околу 200 калории, па е најдобро да не ги консумирате во поголеми количини.

Бразилските ореви ja подобруваат функцијата на хормоните

Селенот во бразилските ореви игра важна улога во правилното функционирање на тироидната жлезда и регулира некои од најважните хормони во телото. Исто така, високата концентрација на селен осигурува подобар метаболизам.

Го зачувуваат вашиот имунолошки систем

Високата концентрација на хранливи материи, антиоксиданси и органски соединенија ги прави бразилските ореви моќен природен лек против сезонски вируси.