
5 намирници кои девојките постари од 30 години треба да ги исфрлат од исхраната
Со текот на годините, во телото се случуваат промени кои бараат ревизија на многу навики, вклучително и исхраната.
Американското издание My Domaine, заедно со експерти од областа на здравата исхрана и водечки нутриционисти, состави листа од 5 намирници кои жените треба да ги избегнуваат по 30-тата година.
Шеќерот е на врвот на оваа листа, бидејќи предизвикува воспалителни процеси во телото и ги оштетува колагенските и еластинските влакна, кои се одговорни за младешкиот изглед и здравјето на кожата. Покрај тоа, одрекувањето само од чист шеќер не е доволно, бидејќи многу производи содржат „скриен“ шеќер, чие количество исто така треба да се регулира.
Потоа следуваат разни вештачки зачини и сосеви, кои експертите препорачуваат да се заменат со природни зачини и домашно подготвени сосеви.
Жените над 30 години (а всушност и порано) се советуваат да избегнуваат тестенини од слаб квалитет, дозволувајќи си само тестенини направени од тврда пченица.
Од исхраната треба да се исфрлат и пекарските производи и белиот леб, кои содржат големо количество шеќер и глукоза, што може да ја наруши продукцијата на колаген и многу протеини во телото. Наместо тоа, се препорачува консумација на леб од цело зрно и здрави алтернативи на слатки.
Спротивно на популарните митови за користа од диеталните пијалаци, експертите не препорачуваат жени над 30 години да ги консумираат, бидејќи штетните супстанции во нивниот состав негативно влијаат врз хормоните на тироидната жлезда.