Home Живот и здравје 4 чекори до среќата

4 чекори до среќата

Овие четири едноставни начини ќе ви помогнат да бидете посреќни.

Среќата е безвременска тема на безброј размислувања и истражувања од различни области. Од Аристотел до таткото на психоанализата, Сигмунд Фројд, многумина се занимавале со поимот на среќата и дали човекот може да ја достигне. Но, дури и ако не постои јасна дефиниција за тоа што навистина е среќата, сите можеме да го препознаеме тој чувство.

Потрагата по среќа е несомнено едно од најтешките достигнувања во животот, но самите ние сме тие кои треба да ја пронајдеме и одржиме. Често начинот на кој размислуваме, секојдневните навики и проблемите нè спречуваат да ја почувствуваме среќата. За да го постигнете тоа, прво мора да го промените начинот на кој размислувате. Неуропсихологот Алекс Корб предлага четири едноставни начини за да бидете посреќни.

1. НАРЕЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЧУВСТВА

Ако чувствувате негативна емоција, како лутина или тага, обидете се да ѝ дадете име. Можеби изгледа едноставно, но вашиот мозок навистина реагира кога ги изразувате вашите емоции. Многу често, кога ги потиснуваме чувствата, завршуваме несреќни. Разговарајте за она што ве мачи и веднаш ќе се почувствувате посилни и посреќни.

2. РАЗМИСЛЕТЕ ЗОШТО ЧУВСТВУВАТЕ БЛАГОДАРНОСТ

Кorb објаснува дека придобивките од благодарноста се директно поврзани со допаминот, супстанца што нашиот мозок ја лачи кога се чувствуваме среќни. Не е случајно што е опишан како „клуч за еуфорија“. Благодарноста може да го зголеми нивото на серотонин, исто како што тоа го прават повеќето антидепресиви. Но, дури и ако не знаете точен одговор на прашањето „Зошто чувствувам благодарност?“, Корб вели дека самото поставување на ова прашање е доволно за да ве доведе до среќа.

3. БИДЕТЕ ОДЛУЧНИ!

Само помислете дека со решителност нема само да го намалите стресот, туку истовремено ќе почувствувате дека имате контрола. А резултатот? Ќе се чувствувате полни со самодоверба!

4. ЗАГРЛЕТЕ ГИ ВАШИТЕ БЛИСКИ

Има ли подобро чувство од ова што води до среќа? Научните истражувања покажале дека дружењето придонесува за човечката среќа, но допирањето, бакнувањето и гушкањето со саканата личност ослободува хормон – окситоцин (или хормон на љубовта), кој предизвикува чувство на радост. Наш совет? Уште повеќе гушкања!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што е поефикасно: 10 илјади чекори дневно или 30 минути тренинг

Откријте што е подобро! Сите видови бројачи на чекори станаа дел од нашиот живот. Кога фит…