389 нови случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Согласно податоците кои ги добиваат од Институтот за јавно здравје, од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа направени се 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирана е 61 реинфекција. Регистрирани се 749 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се седум починати лица, плус дополнителни осум лица согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.

Досега во земјата се направени вкупно 1.901.296 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.049, бројот на оздравени пациенти е 287.127, на починати е 9.065 а бројот на активни случаи изнесува 2.857.