Home Актуелно 375 нови случаи на Ковид-19 и 9 починати лица во последните 24 часа кај нас

375 нови случаи на Ковид-19 и 9 починати лица во последните 24 часа кај нас

Од вкупно направени 2.744 тестирања во изминативе 24 часа, регистрирани се 375 нови случаи на ковид-19, а 9 лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од починатите, 3 лица се од Скопје (87, 78 и 62 години) и по еден починат од Кавадарци (60), Струга (83), Струмица (72), Кочани (59), Штип (73) и Свети Николе (86). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, додека бројот на активни случаи изнесува 5.627.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…