Home Вебкафе 33.000 гледачи на трибините, а на теренот „дечурлана“ под 19 години – ова само во Германија

33.000 гледачи на трибините, а на теренот „дечурлана“ под 19 години – ова само во Германија

Информацијата дека на синоќешното финале од германската младинска лига помеѓу Дортмунд и Баерн, на легендарниот Вестфален, го следеле околу 33.000 гледачи е навистина импресивен и најдобар показател колку германците го сакаат фудбалот како спорт во секаков формат.

Да, добро прочитавте, точно 33.450 луѓе се собрале на стадионските трибини за да ги гледаат младите надежи на своите омилени клубови кои немаат повеќе од 19 години.

А на трибините имаше од сите возрасти и типови на навивачи – и старо, и младо, и „ултраси“ и симпатизери, сето измешано. Сепак, нејневеројатна глетка претставува податокот дека дека меѓу присутните на трибините, буквално измешани со сите, беа и претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес и помошниот тренер Херман Жерлан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…