30 денари акциза за „казанска“ ракија: Кој сака да продава „домашна“ – ќе си плати


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според одлуката која ја донесе државата, домашната ракија произведена во казан се предвидува да стане акцизна стока. со акцизна давачка од 30 денари.

Поточно, секој што ќе произведе над 100 литри и ја пушти во продажба ќе има обврска да се пријави во Царината  и да плати акциза од 30 денари за литар. Земјоделците со реакција на ваквата одлука. Велат немаат ништо против да се воведе акциза, но не во време кога цената на грозјето е тотално девалвирана и кога луѓето  од него прават ракија и продаваат за да го прехранат своето семејство.

Со новиот  закон ациза за алкохол нема да плаќаат физички лица кои за сопствени потреби произведуваат вино и пиво најмногу до 500 литри годишно и етил алкохол исто така за сопствени потреба и да не е наменет за продажба до  100  литри.

Се прави и  категорија на  мали дестилерии-односно оние кои ќе произведуваат најмногу до 2000 литри алкохол ќе плаќаат акциза од 8,5 проценти од досегашната цена. А за оние кои ќе произведат ад оваа количина акцизата ќе изнесува 50 отсто.

Од мнистертвотот за финансии велат дека ваквиот закон е во согласност со директивите на ЕУ.