Home Актуелно 30 дена притвор за напаѓачите на Зијадин Села во Собранието

30 дена притвор за напаѓачите на Зијадин Села во Собранието

Кривичниот суд синоќа им определи по 30 дена притвор за синот и таткото осомничени за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, кои се однесени во истражен затвор.

Основното јавно обвинителство вчера ја преиначи одлуката за Кире Георгиевски и неговиот татко. Наместо за учество во толпа, како што се товареа претходно, ќе одговараат за кривично дело убиство во обид.

Од досега прибавените докази, Основното јавно обвинителство во Скопје оцени дека постои основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, кои во овој момент се неидентификувани, го извршиле кривичното дело убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл. 22 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик, соопшти вчера ОЈО.

Кире Ѓеоргиевски и неговиот 68годишен татко вчера утрото беа приведени во нивниот дом. По извршениот претрес во нивниот дом биле пронајдени и одземени патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…