Актуелно

3,6 степени по Рихтер почувствувани во Охрид и Ресен

Земјотрес со јачина 3.6 степени по Рихтер вчера го погоди охридскиот регион. Потресот најмногу го почувствуваа жителите на Охрид и Ресен во 15.10 часот.

Според досегашните податоци, земјотрес беше почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка Скала, во Битола, Кичево и Дебар со интензитет од 4 степени, а во Скопје и Велес со интензитет од 3 степени според истата скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

To Top