Home Вебкафе 2.000 тркачи стартуваа денес на маратонот во севернокорејски Пјонгјанг – половина од нив странци

2.000 тркачи стартуваа денес на маратонот во севернокорејски Пјонгјанг – половина од нив странци

Во Пјонгјанг денеска се одржува годишен маратон, на кој учествуваат околу 2.000 натпреварувачи, од кои половината се странци и покрај санкциите на Обединети нации за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и балистичка ракетна програма.

Стадионот „Ким Ил-сунг“, со капацитет од 40.000 седишта денеска е преполн со гледачи. Маратонот е дел од комеморацијата по повод одбележувањето на роденденот на Ким Ил-сунг, кој е роден на денешен ден пред 105 години.

Учесниците по почетокот на трката поминаа пред обелискот на кој пишува „Големите лидери Ким Ил-сумг и Ким Џонг-ил секогаш ќе бидат со Вас“, а потоа поминаа пред градските знаменитости, вклучително и огромните статуи од бронза на двајцата поранешни лидери.

– Помалку е надреално што сме овде. Учествувам во спортски настан во Северна Кореја, а тоа не може секој да го каже, изјави 35-годишниот Ирец, Ричи Ли.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Бекамови на Ибица покажуваат како изгледа совршениот опуштен летен стил

Ве молиме испратете го текстот што треба да се преведе на македонски јазик. …