Home Актуелно 17-годишна девојка загина, а двајца се повредени во сообраќајка кај Миладиновци

17-годишна девојка загина, а двајца се повредени во сообраќајка кај Миладиновци

Седумнаесетгодишна девојка загина, а две лица, на возраст од 20 и 19 години, се тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска во 1:30 часот се случи на крстосницата од ул. 2 и ул. 10 во с.Миладиновци и локален пат за с. Бујковци, кај железничката пруга.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила кога автомобилот, кој го управувал Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот, пренесува „Макфакс“.

На местото на незгодата починала 17-годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…