14 месеци – толку траеше бракот од Бритни Спирс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бритни Спирс се разведува од сопругот Сем Ашгари со кого помина во брак само 14 месеци.

Спирс, 41 и Ашгари, 29, се запознаа во 2016-та додека го снимаа видеото за песната Slumber Party.

Парот ја објави својата свршувачка во септември 2021-ва, а венчавката се случи во јуни следната година.

На забавата во Лос Анџелес имаше околу 60-на гости меѓу кои Дру Баримор, Мадона, Парис Хилтон и Селена Гомез.

Според тамошните медиуми, разводот доаѓа по гласините дека Бритни го изневерила Сем.

Ашгари остана со Бритни додека таа минуваше низ психолошката драма и беше нејзина поткрепа овие години, помагајќи ѝ да остане во добра форма, тврдеа нејзините блиски.

Разделбата доаѓа додека Спирс се подготвува да ги издаде своите мемоари The Woman in Me во октомври.