Home Актуелно 12 лица повредени од молотов коктел фрлен во париски ресторан (видео)

12 лица повредени од молотов коктел фрлен во париски ресторан (видео)

Двајца се здобиле со тешки изгореници, а десетмина со полесни повреди во напад со молотов коктел во ресторан во предградие на Париз.

Во ресторанот што се наоѓа во областа Сен Сан Денис синоќа бил фрлен молотов коктел, по што веднаш пристигнале екипи на полицијата, противпожарната и итната медицинска служба.

Повредените со изгореници веднаш биле префрлени во болницата Сан Луи, а меѓу десетте полесно повредени има и шест полицајци кои им помагале на луѓето да се евакуираат.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во ресторанот што се наоѓа во склоп на петкатница, но внатрешноста на локалот е целосно уништена.

Мотивот за нападот уште не е утврден, но постои сомнение дека се работи за неуспешен обид за грабеж.

Франција е на готовс по низата терористички напади што ја потресоа земјата во зиминатите две години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…