Home Актуелно 11 загинати и шетмина повредени е билансот по вчерашниот напад на синагогата во Питсбург (ВИДЕО)

11 загинати и шетмина повредени е билансот по вчерашниот напад на синагогата во Питсбург (ВИДЕО)

Роберт Бауерс, е 46-годишниот маж кој пукаше во синагогата во Потсбург по што загинаа 11 лица, а шестмина се повредени.

Тој влегол во синагогата во Питсбург и отворил оган врз присутните, а официјалните власти истакнаа дека 11 лица се убиени. Американските медиуми објавија дека повеќе од 10 лица се повредени, вклучувајќи и шестмина полициски службеници.

„Во нападот загинаа 11 луѓе“, посочи директорот за јавна безбедност на Питсбург, Вендел Хајриш на прес-конференцијата и додаде дека нема деца меѓу жртвите.

Властите рекоа и дека напаѓачот се предал и бил ранет во размената на оган со полицијата. Бил уапсен и идентификуван како Роберт Бауерс.

Нападот се случил во близина на синагогата „Дрво на животот“, додека верниците биле собрани на редовната служба за сабат, каде што истовремено била одржана церемонијата на давање име на бебе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…