Home Актуелно 11 полицајци заработија отказ од работа за крвавиот 27 април во Собранието

11 полицајци заработија отказ од работа за крвавиот 27 април во Собранието

Откази за 11 полицајци биле потпишани во петокот, откако за нив завршила дисциплинската постапка.

Според неофицијалните информации од МВР, дисциплински постапки се водат и за други полицајци.

Најголемиот дел од отпуштените се вработени во Шестата управа на МВР за обезбедување на важни личности и објекти, и против нив била покрената постапка откако се видело на снимките дека не преземаат ништо додека пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги отвораат собраниските врати за да влезат демонстрантите. Меѓу оние кои добиле откази е и поранешниот шеф на внатрешното обезбедување на Собранието и поранешен шеф на обезбедувањето на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Припадниците на обезбедувањето тврделе дека немале никаква законска можност да интервенираат против пратеници

Министерот Оливер Спасовски неодамна на брифинг со новинарите кажа дека суспендирани се 42 полицајци, а дисциплински постапки се водат против 70.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…