Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе подолго време гледате дека нема труд од партнерот околу вашата врска и вашиот однос. Имате чувство како вие да давате се, а партнерот се однесува како да не сте дел од неговиот живот.
Ви се јавува само во доцните часови од денот
Секогаш ви праќа пораки навечер и тоа редовно со некои сексуални содржини.
Само вие планирате дружење
Никогаш не предлага како може заедно да го користете времето. Воопшто не вложува труд за да ве виде или да поттикне разговор.
Ве третира на ист начин како и пријателите
Можеби во почетокот бил романтичен, но сега се однесува со вас како со некој пријател. Со еден збор, без длабоки емоции.
Одбива да ја преспие ноќта
Никогаш не преспал кај вас. Секогаш бара изговори за да го избегне тоа.
Не ги трга очите од мобилниот
Кога сте заедно, секогаш гледа во телефонот, ги проверува сите нотификации и пораки, па дури и се допишува со луѓето, а вам не ве слуша воопшто.
Не памети важни работи
Никако неможе да се сети за тоа кои важни работи сте ги поделиле со него. Тоа е затоа што воопшто не ве слуша и не му е гајле.
Ништо не прашува
Знаеш ли зошто не те прашува како ви поминал денот, како е твојот болен дедо и слично? Тоа е затоа што воопшто не му е грижа за вас.
Ги исмева вашите емоции према него
Кога ќе му кажете што чувствувате, тој ќе се однесува како воопшто ништо да не се сте му рекле или ќе одговара со емотикони.
Секогаш ти докажува дека не му си високо на листата
Воопшто и не му сте на листата на приоритети, а тоа докажува дека нема време за вас. Изговорот, секогаш е премногу работа и обврски.
Секогаш за се сте вие виновни
Не, партнерот никогаш не е за ништо виновен. Ако му спомнете дека со денови не сте зборнале, тој ќе го заврте разговорот како да е жртва.