1.198 нови случаи и 26 починати лица од КОВИД-19 во последните 24 часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најновите статистички податоци од Министерството за здравство (МЗ), во последните 24 часа се потврдени 1.198 нови случаи со Ковид-19, односно, регистрирани се 572 случаи во Скопје, 92 во Битола, 53 во Прилеп, 49 во Штип, по 42 во Велес и Охрид, 41 во Куманово, по 34 во Струга и Струмица, 33 во Кичево, 28 во Тетово, 20 во Свети Николе, 19 во Берово, 18 во Кавадарци, 14 во Кочани и по 11 случаи се регистрирани во Гостивар, Крива Паланка, Виница, Делчево и Неготино.

Потоа, девет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Валандово, седум во Пехчево, по шест во Радовиш и Крушево, по пет во Пробиштип и Кратово, четири во Ресен, по три во Гевгелија, Демир Хисар и Македонски Брод и еден случај е регистриран во Дебар

Од МЗ информираа дека од Ковид-19 починале 26 лица, односно, осум пациенти од Скопје на 72, 67, 88, 61, 87, 59 и 67 години, еден од Куманово на 80 години, еден од Штип на 67 години, двајца од Прилеп на 73 и 60 години, двајца од Тетово на 71 и 56 години, двајца од Струга на 68 и 37 години, двајца од Велес на 76 и 55 години, четири пациенти од Битола на 35, 73, 55 и 82 години, тројца од Охрид на 46, 67 и 35 години и еден од Гостивар на 53 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 621 оздравени пациенти, односно, од Скопје-150, Куманово-41, Дебар-4, Штип-36, Прилеп-42, Тетово-69, Струга-12, Велес-52, Битола-37, Охрид-11, Кавадарци-21, Гостивар-22, Гевгелија-11, Струмица-36, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Кочани-12, Пробиштип-8, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-1, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-3, и од Неготино-8.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 303.281 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 3.081 тест.