Ѕвездата од Game of Thrones: Обожавателите ќе бидат незадоволни од крајот на серијата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актерката Меси Вилијамс е една од ѕвездите на веќе култната серија „Game of Thrones“. Популарната Арја Старк оваа актерка ја игра од својата 13-годишна возраст. Денес, на 21 година, актерката веќе почнува да работи и на други проекти, откако беше лансирана во ѕвезденото актерско небо преку популарниот серијал.

Она што е интересно за Вилијамс во врска со „Game of Thrones“, е тоа што таа тврди дека никој нема да биде задоволен од последната епизода од серијата, закажана за 19 мај 2019 година.

„Мислам дека луѓето ќе бидат незадоволни од крајот. Никој не сака серијата да заврши, дури и јас сакам да ја гледам и многу сум горда на последната сезона. Но, мислам дека фановите ќе бидат шокирани од крајот и ќе откријат дека нема да има никаква врска со она што го очекувале“ – вели Мејси.