Home Спорт Ѕвездата на Реал е најголема желба на Јувентус

Ѕвездата на Реал е најголема желба на Јувентус

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец, Матео Ковачиќ.

Ковачиќ и оваа сезона добиваше мала минутажа кај Зинедин Зидан и е спремен ова лето да ја промени средината.

Хрватот е отворен за враќање во Серија А, а таквата ситуација е спремен да ја искористи Јувентус.

Тренерот Алегри смета дека Ковачиќ би бил идеална замена за Маркизио и побарал од раководството да направи напори да го донесе во Торино.

Реал Мадрид е спремен да го пушти играчот за врска, но за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Останува да видиме дали „старата дама“ е спремна да ја плати оваа сума.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…