Зошто е добро да се јаде путер од кикирики?

Зошто е добро да се јаде путер од кикирики?

Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Додека бевме деца, јадевме што ни допаѓаше, а сега само размислуваме колку калории има секоја храна, дали е добра за нашето здравје итн.

Дали можеме да јадеме путер од кикирики, а да не размислуваме колку е здраво и колку калорично? Се разбира – да, бидејќи има доста здрави хранливи материи кои се добри за нашето здравје. Прочитајте…

Извор на протеини

Две лажици путер од кикирики се доволни, ако сакате да останете здрави и да го конзумирате умерено. Овие две лажици имаат околу 7г протеин. Затоа, овој путер со леб е добар избор за појадок или ужинка. Како храна богата со протеини, додека го јадете, подолго ќе се чувствувате сити. Ако вежбате, оваа храна ќе ви дојде одлично бидејќи протеините учествуваат во изградбата на мускулите, а путер од кикирики има многу.

Добар за срцето

Путерот од кикиритки го подобрува здравјето на срцето. Како и маслиновото масло, иако има многу наситени масни киселини, има и голем процент на несатурирани масти кои се добри за срцето и неговата функција, се разбира, ако се конзумира во нормални количини.

Повеќе калиум

Многу од нас имаат премногу натриум во нивните диети, а натриумот може да биде вреден за кардиоваскуларниот систем. Путерот од кикиритки е одличен извор на калиум, кој успешно го намалува ризикот од натриум.

Содржи здрави масти

Иако содржи малку повеќе масти, тој покрај заситените (како што веќе спомнавме) има поголем број на незаситени масни киселини. Ова значи дека во суштина е добар извор на „здрави масти“. Здравото тело бара добар извор на здрави масти и тој е како маслиново масло и авокадо – нивен добар извор.

Богат со влакна

Две лажици од овој вкусен путер, не само што содржат многу протеини, туку и 2 грама влакна. Адекватен прием на влакна е важен за здраво функционирање на телото. Иако влакната ги добиваме и од други оброци, со путерот од кикиритки можеме само да го дополниме нивниот внес.

Полн со добри хранливи материи

Протеини, влакна, здрави масти, калиум, антиоксиданти, магнезиум и уште неколку хранливи материи кикирики путер ги содржи. Листата на добри работи може само да продолжи бескрајно. Една порција путер содржи 3мг витамин. Покрај тоа, има околу 49г магнезиум – што е одличен за изградба на мускулите и засилување на коските и малку витамин B6 (околу 0,17мг). Исто така, во него може да се најде цинк што ни го засилува организмот и имунитетот.