Зидан: Нејмар е неверојатен фудбалер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на денешната пресконференција зборуваше за Нејмар, кого медиумите упорно го поврзуваат со трансфер на „Сантиаго Бернабеу“.

Веќе подолго време шпанските медиуми тврдат дека Нејмар ќе биде главна трансфер цел на Реал Мадрид следното лето и дека „кралевите“ во него гледаат како наследник на Кристиано Роналдо.

„Тоа што го прави Нејмар е навистина неверојатно, неговата статистика е исклучителна. Тој навистина е како Кристиано во Реал. Меѓутоа, мене ме интересираат само моите фудбалери. Видете ја целата кариера на Роналдо…тој постигна 8 гола во последните неколку натпревари во ЛШ. Таков тип на фудбалер прави разлика“, изјави Зидан и испрати апел до фановите да престанат да го исвиркуваат Карим Бензема.