Живи изгореа: Жртви на пожарот во Далмација на кои никој не (можеше да?) им помогна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во катастрофалниот пожар кој ја погоди околината на Сплит, најважно беше да се спасат човечките животи, а во кошмарот кој настана поради старата опрема на хрватските пожарникари и доцната реакција на властите кон масивниот пожар, многумина не се сетија на оние кои не можеа да се борат ниту сами за себе – животните кои останаа на опожарените подрачја. Имено, во опожарените села и на полињата луѓето држеа ловечки кучиња и кучиња врзани со синџири и во кафези, кои за време на пожарот и после него останаа препуштени сами на себе.

Поради тоа, група сплиќани се организираше за да им помогне барем на оние кои успеаја да преживеат.

„Полицијата и пожарникарите не ни дозволуваа да одиме на опожарените подрачја, па сега, она кое можеме да го направиме е да ги обиколиме местата и да ги ослободиме ваквите заборавени случаи, да направиме што може да се направи за нив“, напиша Блаженка Бенкус и ги повика сите кои сакаат да им се придружат во обиколката на околината на Солин, Жрновница и Строжанац, но и оние кои можат да понудат привремено сместување на кучињата и другите животни кои ќе бидат најдени живи.

„Акцијата која ја презедовме вчера анимираше доста голем број волонтери, пожарот, за жал, е несреќа која зад себе не остава многу живот, многубројни дојави упатуваат на тоа дека животните во ловекчките боксови и врзаните со ланец кучиња живи гореле, па за нив нема што да се направи. Она што можеме е да го свртиме вниманието токму на таа проблематика на неадекватно чување на животните кои притоа се соочуваат и изложуваат на сттравична болка и страдање. Држењето на кое било суштество врзано со синџир во 21 е недопустливо и за секаква осуда, а подлежи и на законски санкции и апелираме таквите случаи да се пријавуваат во полиција и во ветеринарна инспекција“; изјави за Индекс Блаженка.

Таа додава дека на вчерашната акција наишле на голем број врзани и затворени кучиња, па денес повторно се враќаат на тоа подрачје, за да им помогнат на несреќните животни, но и привремено или трајно да ги одземат од нивните сопственици.