Жешко

Жешките фотки кои ги направи во Дубаи можат да ја чинат затворска казна

Дора Родригез по потекло е канадска манекенка која живее во Дубаи. Секси фотките кои ги направи на пустинските жешки песоци кај Дубаи за манекенката носат ризик да биде уапсена.

Поранешната финалистка за Мис Канада ја следат на социјалните мрежи нешто повеќе од 40 000 луѓе, а таа е позната по своите голи фотографии. За време на карантинот, таа објави фотографии на Инстаграм, поради што го прекршила карантинот и излегла од градот за да позира во пустината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🤪 #LockedUpWithDora (@dorarodriguez.es) on

Обединетите Арапски Емирати биле во целосен карантин три недели, за кое време жителите не можеле да ги напуштат своите домови без писмено одобрение. Во последните недели мерките се олеснаа, но оние кои не носат маски во јавност и не почитуваат физичко растојание, сепак се казнети со 800 долари. Исто така, забранети се собири на повеќе од пет лица на исто место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🤪 #LockedUpWithDora (@dorarodriguez.es) on

Дора се преселила во Дубаи во март, непосредно пред градот да биде погоден од пандемијата. Имено, таму ја чекал договор со агенција за модели. На крајот, таа поминала два месеци во нејзината хотелска соба, а го прекрши карантинот само заради снимањето, пишува „Дејли меил“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🤪 #LockedUpWithDora (@dorarodriguez.es) on

Таа за медиумите изјави дека одењето по празните улици изгледало како градот да бил погоден од апокалипса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🤪 #LockedUpWithDora (@dorarodriguez.es) on

„Дубаи беше празен и тивок, никогаш не сум видела такво нешто“, рече таа.

Убавицата, која се појави во јануарскиот број на јужноафриканскиот Плејбој, тврди дека, иако го нарушила карантинот, се грижела за сите мерки на безбедност.

„Ја носев маската цело време додека не дојдов на снимањето“, рече таа, додавајќи дека ја отстранила маската за да може да позира. Во еден момент, истрчале полицајци.

„Мислев дека ќе ме уапсат, па влегов во автомобилот и избегав“, призна таа.

To Top