„Женскиот Бетмен“ во акција: Згодна Русинка сурфа на возови за да избегне гужва

Млада Русинка, позната под прекарот Кобжаро, се прослави со своето несекојдневно и, во најмала рака опасно хоби – сурфање на воз и тоа облечена во „Бетмен“ костим.

Кобжаро (20) тоа го прави секој ден. Избира некоја железничка станица во рускиот главен град, застанува врз воз и така го минува патот до другата станица. Таа тоа свое хоби го открила на интернет, кога имала 15 години и, како што самата вели, за овие неколку години се стекнала со солидно искуство и знаење.

– Не ме привлекуваат оние работи што ги привлекуваат моите врсници. Моето најголемо задоволство е „да летам со возовите“, дури и при ниски темпратури, изјави во една прилика московјанката пред репортери, додавајќи дека е свесна за опасностите кои нејзиното хоби ги содржи.

– Доста научив за возовите, кои модели каква опрема имаат… Знам што смеам да допирам, и како да не ме убие струја. За мене тоа сурфање е посебно доживување. Кога возот ќе тргне тоа како да ме полни со енергија, и како да ми се проширува свеста. Секогаш ми доаѓаат интересни мисли. Покрај тоа, во прашање е и алтернативен начин на патувања, дополни младата авантуристка.