Жените имаат поголема корист од иста количина на редовно вежбање отколку мажите

Жените имаат поголема корист од иста количина на редовно вежбање отколку мажите

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Студијата покажа дека жените со пократко времетраење на вежбање постигнале слични или поголеми здравствени придобивки од мажите.

Според NHS, мажите и жените на возраст од 19 до 64 години треба да прават најмалку 150 минути умерено вежбање или 75 минути енергично вежбање неделно, со активности за зајакнување на мускулите најмалку двапати неделно, како што пишува The Guardian.

„Нашата студија не сугерира дека жените треба да вежбаат помалку, туку ги охрабрува жените кои можеби не вежбаат доволно поради различни причини дека дури и релативно мали количини на вежбање можат да обезбедат значителни придобивки“, рече коавторот на студијата, д-р Хонгвеи Џи од Здружената болница на Универзитетот Кингдао.

Во текот на 20 години, научниците од Националниот институт за здравје на САД ја следеле здравствената состојба на голема група од 400.000 мажи и жени во САД.

Тие заклучија дека жените кои редовно вежбале имале 24 отсто помали шанси да умрат предвреме од која било причина во периодот на студијата. Во исто време, тие имале 36 отсто помал ризик од смртоносен срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни проблеми во споредба со жените кои не вежбале редовно.

Според резултатите од истото истражување, мажите кои редовно вежбале имале 15 отсто помала веројатност за прерана смрт и 14 отсто помал ризик од фатален кардиоваскуларен исход во споредба со мажите кои претпочитале седентарен начин на живот.

Така, студијата покажа дека жените имаат поголема здравствена корист од мажите од редовното вежбање кога станува збор за намален ризик од смрт и кардиоваскуларни заболувања.

Колку треба да вежбате?

Научниците открија дека околу 300 минути умерена физичка активност или 110 минути енергична физичка активност неделно се доволни за мажите.

Кај жените кои вежбале 140 минути умерени аеробни вежби неделно, забележан е 18 отсто помал ризик од прерана смрт, додека само 57 минути енергични аеробни вежби неделно резултирале со 19 отсто помал ризик од смрт, што значи дека жените имаат поголема корист. од пократки периоди на вежбање..

За да го добијат истиот бенефит од вежбањето како жените, мажите морале да вежбаат двојно повеќе од жените. Така кај нив е забележан 18 отсто помал ризик од смрт по 300 минути умерено аеробно вежбање неделно и 19 отсто помал ризик по 110 минути интензивно вежбање неделно, како што пишува ХИНА.

Важниот заклучок на оваа студија е дека, без разлика на полот, редовното вежбање значително влијае на намалениот развој на кардиоваскуларни проблеми“, заклучи д-р Елинор Левин, кардиолог и професор на Стенфорд.