Home Вебкафе „Жена што не носи парфем нема иднина“

„Жена што не носи парфем нема иднина“

Легендарната француска модна креаторка остави белег во цела епоха и ја доближи модата и луксузот до жените.

„Животот не ми беше по мерак, па го создадов токму како што посакував,“ еднаш изјави Габриела (Коко) Шанел, жената која го поврза своето име со женската мода и луксузот. Амбициозната Французинка, која успеа да стане една од најпознатите жени во историјата, создавајќи ја најлуксузната модна куќа во светот, беше уникатна личност со темни страни и уште повеќе тајни.

Таа е жената која ги научи другите жени што значи ненаметлива елеганција, го воведе концептот на најбезвременскиот аутфит на сите времиња – малото црно фустанче, секако – и го направи сончањето модерно кога еднаш се врати од одмор со тен, восхитувајќи ги сите жени. Дотогаш, жените се колнеа во својата бледа кожа.

Кревката Французинка никогаш немаше лесен живот, а со години ги криеше деталите за своето детство и начинот на кој растела. Во продолжение откриваме 15 работи што веројатно не сте ги знаеле за Коко Шанел.

  • Пеела во кабаре.
  • Коко не е нејзиното вистинско име. Надимакот „Коко“ го добила од песна што ја пеела додека работела во кабаре.
  • Таа е првата жена што направила панталони за… жени! Очајно барала удобен и лесен начин за јавање коњ и така се родила идејата.
  • Таа е креаторката на најпознатиот парфем во историјата, Chanel No.5, кој беше лансиран во 1921 година.
  • Растела во сиропиталиште.
  • Во светот на модниот дизајн влегла со креирање на шешири.
  • Живеела во хотел повеќе од 30 години.
  • Таа е креаторката на првото женско одело.
  • Не беше „најлесната“ личност и не пропушташе прилика да ги критикува оние околу себе.
  • Беше во хороскопскиот знак Лав.
  • Црната боја ѝ беше омилена (и кој може да ѝ замери?).
  • Имала блиски односи со нацистите.
  • Само еднаш била видена како плаче, поточно кога нејзиниот љубовник бил убиен.
  • Се прослави во Америка по Втората светска војна.
  • Го дизајнирала сопствениот надгробен споменик.
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …