
Петар Грашо и Хана добиваат нов дом на Јахорина
Станот на Петар Грашо на Јахорина стана тема во балканските медиуми, иако познатиот пејач ја купил оваа луксузна недвижност пред две години.
Се работи за вистинско архитектонско чудо, сместено во близина на една од најубавите скијачки патеки на планината.
Стручњаците за недвижности се согласуваат дека ова е имот во комплекс каде што цените ги надминуваат 4.000 евра по квадратен метар.
Апартманот има прекрасен поглед на густата борова шума и се наоѓа на нешто повеќе од 1.500 метри надморска височина.
Според медиумите, Грашо го купил станот за својата сопруга Хана Хуљиќ по раѓањето на нивната ќерка Алба, со намера семејството заедно да ужива во него.
Грашо е вљубен во Јахорина
– Јахорина ја сакаат сите бидејќи таа претставува извор на гостопримство, позитивна енергија и добра забава за целиот регион – изјави пејачот претходно, додавајќи:
– Благодарение на близината, таму доаѓаат многу Далматинци и Загрепчани, но често среќавам и драги пријатели од Словенија, БиХ и Србија.
– Цел живот скијам на западноевропските планини и апартманот на Јахорина не го купив само заради скијањето, туку и поради тоа што таа гарантира мир и автентична зимска идила – истакна некогаш Грашо.
Новата недвижност на Петар Грашо, според експертите, претставува стан за восхит.