Актуелно

Жбогар со класична уцена: Ако не го прифатите договорот со Грција, тогаш ништо од ЕУ и НАТО!

Евроамбасадорот Самуел Жбогар со класична уцена се обрати до македонските граѓани, во однос на договорот од Преспа. Грубо мешајќи се во внатрешните работи на нашата земја, евроамбасадорот кој доаѓа од Словенија, земја која држи до своето достоинство, сосема недипломатски изјави дека доколку не си го смениме името и идентитетот, ќе треба да ги вратиме поканите од ЕУ и НАТО.

Тој даде интервју за „Независен весник“ (кој е со грчки капитал) во кое вели дека Македонија мора да биде свесна дека доколку го одбие догворот со Грција за името, тогаш ќе треба да ги врати поканите од НАТО и ЕУ.

-Признавам, пред сè, дека ова е многу тешка одлука. Не е лесно, таа е емоционална и знам од претходно што значи таа и низ што поминаа граѓаните. Но, договорот е тука и секако, за нас како меѓународна заедница, важно е да бидеме внимателни што ќе кажеме бидејќи оваа одлука треба да биде донесена овде, од политичарите и од граѓаните. Ние можеме само да набљудуваме и да охрабриме за вистински одлуки, но тие треба да бидат донесени тука. Во исто време, свесен сум дека има извесни сили, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, кои не го почитуваат договорот толку многу, но и други со силни ставови за поддршка на НАТО и ЕУ-интеграцијата. Не е лесна одлуката ниту за едните, ниту за другите, ниту за партиите, ниту за луѓето. Секој, едноставно кажано, има две опции како да гледа на ситуацијата. Можете да бидете против договорот, да мислите дека е лош и дека не треба да биде прифатен, но во тој случај имате две обврски. Првата е да презентирате алтернатива на него, реалистична, подобра опција и договор кој има шанси да го прифати другата страна. Ако одбивате нешто, треба да кажете што е решението, поради сериозноста на одлуката. И втората обврска е да прифатите дека во случај да го одбиете договорот, ќе треба да ги вратите НАТО и ЕУ-поканата. Патот ќе запре тука. Треба да се размисли за овие две опции, вели Жбогар.

Инаку, со договорот од Грција, Македонија се одрекува од своето вековно име и историја. Сето она што се залагале сите досегашни влади, политичари, научници, уметници и обични граѓани, да ги имаме основните човекови права како и останатиот дел од светот, со овој договор го фрламе во вода. Зошто е овој договор погубен за Македонија прочитајте повеќе ОВДЕ.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top