Home Актуелно Жарко Луковски веќе не е генерален директор на Македонски Телеком

Жарко Луковски веќе не е генерален директор на Македонски Телеком

Македонски телеком АД Скопје има нов генерален оперативен директор. Досегашниот директор Жарко Луковски е сменет од таа функција, а на негово место е поставен Назим Буши.

Информацијата за промената во менаџерската структура на Македонски телеком е објавена на Македонската берза, каде пишува дека одлуката на одборот на директори на Македонски телеком за смена на Луковски е донесена вчера и таа веднаш стапува во сила.

Буши ќе биде вд генерален оперативен директор на Македонски телеком во следните три месеци, односно до 30 септември. По тој период најверојатно ќе се распише оглас за избор на нов генерален оперативен директор. Луковски на оваа позиција беше назначен во јули 2015 година. Претходно извршуваше високи функции во истата компанија, а беше и главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…