Зеленски замина во посета на САД – прво негово патување во странство после руската инвазија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ќе пристигне во официјална посета на Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, потврди Белата куќа.

Тоа е негово прво патување во странство по руската инвазија во февруари. Зеленски ќе добие можност да се обрати и во Конгресот.

Зеленски редовно прима странски лидери во главниот град Киев и ги посетува војниците низ Украина. Тој во вторникот направи ненајавена посета на градот Бахмут на првата линија на фронтот.

Кабинетот на претседателот Зеленски официјално ја прифати поканата за Вашингтон минатиот петок, пред конечно во неделата да биде потврдена посетата.

„Јас сум на пат кон САД за да ја зајакнам отпорноста и одбранбените способности на Украина. Конкретно, Бајден и јас ќе разговараме за соработката меѓу Украина и САД, а исто така ќе одржам говор пред Конгресот и серија билатерални состаноци“, напиша Зеленски на Твитер.