Зеленски: Во руска воена инвазија врз Украина досега загинаа околу 1.300 украински војници


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Околу 1.300“ украински војници се убиени откако Русија го нападна својот сосед“, изјави денеска украинскиот претседател , Володимир Зеленски, додека московските сили го затворија главниот град Киев, јавува агенцијата Франс Прес.

Зеленски ова го кажа на брифинг со медиумите, што е првпат официјален Киев да соопшти таква бројка од почетокот на борбите. На 2 март Русија соопшти дека изгубила речиси 500 војници, но оттогаш не дава бројка.

Руските сили го зголемија притисокот врз Киев во саботата, со напади врз цивилни области во други украински градови, додека се прават напори да се добие помош за разурнатиот пристанишен град Мариупол.

Руските напади го уништија аеродромот во градот Василков во саботата наутро, на околу 40 километри јужно од Киев, додека складиште за нафта исто така беше погодено и запалено, рече градоначалникот.

Северозападните предградија на главниот град, вклучувајќи ги Ирпин и Буча, веќе претрпеа неколкудневни тешки бомбардирања додека руските оклопни возила напредуваат.

Украинскиот претседателски советник Михаило Подољак во петокот го нарече „град под опсада“, додека градоначалникот Виталиј Кличко во саботата рече дека Киев ја зајакнува одбраната и складира храна и лекови.