Од вечерва на полноќ поевтинуваат бензините и дизелот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Почна примената на антикризните владини мерки. Од полноќ граѓаните ќе точат поевтини горива, и тоа цената на бензинот се намалува за 6,5, а на дизелот за 9 денари.

Цени кои ги одреди РКЕ:

„ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари

ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари,

ЕУРОДИЗЕЛ за 88,00,

а Екстра лесното масло за домаќинство за 83,50 денари.“

Ваква одлука донесе регулаторот откако вчера пред полноќ беше усвоен пакетот антикризни мерки за намалување на дддв и акцизата .

„Во примена, е намалувањето на стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти при увоз и промет на енергенси, што се однесува на бензин, дизел, екстра лесно, ТНГ и метан. Извршено е намалување и на акцизите врз основа на средната берзанска цена за бензин, дизел, гасното масло и екстра лесното за греење. Намалувањето ќе изнесува 1,2 или 4 денари во зависност од средната берзанска цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Мерката ќе се применува од денеска до крајот на мај и утврдувањето на акцизата ќе се врши два пати месечно – на 1 и 15-ти.“ – изјави Славица Кутиров директорка на царина.

Во делот на енергенсите на сила до крајот на годината останува и претходно денесената мерка за намалено ДДВ на струја за домаќинствата до 5 проценти. Веќе се прави новата методолоогија з апремсетка на цената на струјата од јули – крајната цел е заштеда на електрична енергија. Засега е непознато како ќе се класифицираат блок тарифите со кои ќе опфатени домаќанствата.

„Со цел подобрување на пазарот со електрича енергија а и подобрување на енергетката ефикасност, кои мерки се очекува дека ќе влијаат и врз подобрување на штедењето односно потрошувачкта на струја, а ќе делува таргетирано и на категории со пониски приходи.“ – изјави Фатмир Бесими министер за финансии.

Целиот пакет антикризни мерки тежи 400 милони евра – даночни ослободнувања, намалувања, замрзнувања на маржи, еднократни ваучери. Целта е да се заштити снадардот но новиот пакет ќе значи ново дополнително задолжување од 600 милиони евра, по што јавниот долг се очекува да достигне 63,4%.

„Во буџетот е планирано уште 600 милиони дополнително задолжување, за реализација на тековните планови. Таму е предвидено дека според овие проценки растот на БПД ќе биде 63,4 посто до крајот на годината. Но тоа значи тие 600 милиони како ќе се одразат, со оглед на состојбата сега и во иднина што ќе бидат движењата на пазарот така ќе реагираме и ние соодветно.“ – изјави Бесими.

Анктикризните мерки се донесоа во услови на растечка инфлација. Официјално се уште нема нова прогноза за првото полугодие, но првичните пресметки покажуваат смирувања со што таа ќе се движи околу 3,4 порценти.