Завршува „споделената радост“: Нетфликс ќе почне да го наплаќа споделувањето на лозинки меѓу корисниците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оние претплатниците кои со своите пријатели ги споделуваат корисничките профили со нивните лозинки на планетарно популарната платформа за филмови и серии, Нетфликс со пријателите можеби наскоро ќе треба да платат значително повеќе за да се претплатат доколку оттаму објават укинување на споделувањето лозинки.

Според „Њујорк тајмс“, менаџментот на Нетфликс им објавил на своите вработени план за забрана на споделување лозинки во последните три месеци од 2022 година.

Нетфликс проценува дека речиси една третина од сите домаќинства кои ја користат оваа платформа имаат заедничка сметка, платена од друго домаќинство.

„Од 222 милиони домаќинства кои плаќаат за нашата услуга, проценуваме дека таа е споделена меѓу повеќе од 100 милиони дополнителни домаќинства“, објавија од Нетфликс.

Исто така, од Нетфликс планираат да воведат ново, поевтино ниво на претплата со реклами подоцна во текот на годината.

Забраната за споделување лозинки ќе се спроведе на таков начин што на корисниците со повеќе профили, користени од луѓе на различни локации, нема да им биде забрането да го прават тоа, туку ќе им се наплаќа повеќе за секој дополнителен корисник за кој Нетфликс ќе процени дека не припаѓа на исто домаќинство.

Намерата на Нетфликс да ги зголеми претплатниците дојде откако во првиот квартал од годинава платформата изгуби 200 000 претплатници на глобално ниво. Се предвидува дека може да изгуби дополнителни два милиона корисници во вториот квартал.