Home Актуелно Заврши велигденскиот продолжен викенд во карантин – дојдоа дождовите

Заврши велигденскиот продолжен викенд во карантин – дојдоа дождовите

Овој поствелигденски вторник, после повеќе од три дена поминати во карантин, граѓаните на Македонија ги дочека облачно, врнежливо и сиво време.

На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2), локално во форма на невреме со силен југоисточен ветер (над 70км/час).

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната температура од седум до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 12 степени. Маврово 9, Охрид 12, Битола 11, Крива Паланка 9, Берово 7, Кавадарци и Дојран 13.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и за време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…