Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
DJI претстави нова професионална верзија на својот дрон Phantom 4. Ажурираниот Phantom 4 беше ставен на пазарот само пред осум месеци, во март оваа година. Phantom 4 Pro се одликува со подобра камера, подобрен софтвер за избегнување на пречки, подолг живот на батеријата, како и дополнителни интелигентни антенски режими.
Phantom 4 Pro има 1-инчен CMOS сензор кој снима 20-мегапикселни слики. Големиот динамичен опсег (11,6) значи дека сензорот ќе може подобро да балансира и да разликува светли и темни сцени. Камерата веќе може да прави до 14 слики во секунда и да прави видео на бавно движење при 60 fps.
Сензорите на Phantom 4 Pro се подобрени значително. DJI Phantom 4 и Mavic Pro можат да избегнуваат пречки само кога летаат напред. Phantom 4 Pro има сензори на сите четири страни, што значи дека дронот може да гледа и избегнува пречки, додека се движи во било која насока. Благодарение на новите сензори максималната брзина во режим на избегнување на пречки стигнува од 35 км / ч до 50км / ч.
Друга голема промена со Phantom 4 Pro е дека може да се купи далечински со вграден дисплеј. Траењето на батеријата на Phantom 4 Pro сега достигнува до 30 минути.
Phantom 4 Pro ќе ве чини 1499 или 1799 долари, ако изберете да земете контролер со вграден екран. Тој е достапен за претходна нарачка сега на сајтот на DJI. Од компанијата тврдат дека дронот ќе започне да се испорачува од следната недела.