Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во посебни простории во средните училишта почна скринингот на учениците за Ковид 19. Први се тестираат учениците од гимназијата Зеф Љуш Марку и средното медицинско училиште Панче Караѓозов.
Тестирањето го спроведуваат мобилни екипи на ИЈЗ Скопје а како што велат епидемиолозите, процедурата трае само една минута и „не е воопшто болна“. Резултатите излегуваат за три минути а до сега ниту еден ученик не добил позитивен резултат.
Директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу рече дека родителите добро го пречекале скринингот и немало тешкотии во текот на добивањето дозволи за тестирање. Малкумина од родителите одбиле, велејќи дека го поминале вирусот и затоа нема потреб а, вели Салиу.
Во 9 средни училишта во Скопје се тестирале 258 ученици а на територија на државата вкупно ќе се тестираат 8200 ученици. Скринингот ќе продолжи во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричани и Центар Жупа.
Целта е рана детекција и евентуално откривање на асимптоматски носители на вирусот Ковид 19 меѓу учениците. Со релевантни податоци ќе с е добие целосна слика за трансмисија на вирусот во училиштата.