Home Актуелно Ѕанакопулос за ставовите на Заев: Ако соседите немаат волја и расположение, нема да има решение

Ѕанакопулос за ставовите на Заев: Ако соседите немаат волја и расположение, нема да има решение

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос говорејќи за грчката телевизија „Алфа“, порача дека грчките позиции и предуслови се јасни, а соседната земја е таа што треба да покаже волја и расположение за договор, а во спротивно нема да има решение.

– Ние имаме кажано кои се предусловите за да се постигне решение. Оттука, доколку нашите соседи имаат расположение и волја да одиме напред, да се насочиме кон едно заемно прифатливо решение, ние сме отворени и го имаме покажано тоа, ако не, нема да има решение, рече Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на прашање за ставовите на македонскиот премиер во вчерашните интервјуа за „Шпигел“ и „Еуроњуз“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, токму за ставовите на Заев, пишува и весникот „Катимерини“. Освен што ги пренесува изјавите на премиерот во однос на Уставот, идентитетот и ерга омнес, новинарот вели дека овие позиции предизвикале незадоволство кај Атина.

– Низата изјави од власта во соседната земја и пречеа на Атина, каде што, продолжува регуларно, планирањето за заминувањето на МНР Никос Коѕијас во Скопје, во следните денови. – пишува „Катимерини“.

Весникот го пренесува и ставот на грчки дипломатски извори, истото она што го објави „Еуроњуз“, заедно со интервјуто, а го пренесе МИА утрово дека „Атина се прашува која е намерата на јавните споменувања од Скопје на прашањата за кои што се преговара“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…