Заловена уште една женка рис во НП „Маврово“ – Атиџе фатена кај Ничипур


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Македонското еколошко друштво ја информираа јавноста дека деновиве во Националниот парк Маврово, кај селото Ничпур, заловена е уште една рисица.

Се работи за здрава женка тешка 14,5 килограми, а стара околу 10 години. Рисицата го доби името Атиџе. И кај неа e ставен околувратник со ГПС уред кој праќа податоци за нејзиното движење. Имињата на претходните две рисици се Нарциса и Лиса.

Ова е десетта единка рис за последните 10 години. Според досегашните истражувања на МЕД се проценува дека на Балканот има уште 40 возрасни единки на Балканскиот рис, што според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) има статус на критично загрозено животно.

Атиџе првпат е забележана на фотографија од фотостапица во 2013 година.