Законот за исплата на плати со финансиска помош од државата доцни


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Законот за исплата на плата со финансиска поддршка од државата за октомври, ноември и декември доцни. Тоа, освен на товар на вработените, во голема мера ги тангира и сметководителите.

Роковите се стеснуваат, а најголем дел од товарот за аплицирање и изготвување на документација паѓа на товар на сметководителите. Пријавата за добивање на финансиска помош ќе треба да се поднесе најдоцна до 7 ноември, а за да може да се поднесе ќе треба да се направат и пресметки за остварени приходи и да се обезбеди потребната документација. Од Комората на сметководители реагираат дека поради кусите рокови некои претпријатија нема да можат да аплицираат за парична помош од државата, пренесува ТВ21.

Причината за ова, според нив лежи во слабата координација меѓу државните институции, односно како што велат министерството за финансии и УЈП .Сметководителите апелираат јасно да се дефинираат условите за добивање на финансиска помош.

„Би требало јасно да се дефинира дали со оваа предвидена поддршка ќе може да се исплати бруто или нето плата или во зависност од секоја фирма која аплицира“, посочи Александра Андреева.

Во нормални услови пресметките за исплата на плати почнуваат од 25-ти во месецот, за да може навреме да се исплатат личните доходи до 15-ти наредниот месец.

„За пример денеска сме 27 Октомври а законот за финансиска поддршка за исплата на плати за октомври ноември и декември се уште не е донесен. Некои претпријатија поради кусите рокови можат да се доведат во ситуација и да не успеат да аплицираат и да останат без неопходната помош“, истакна Александра Андреева.

Навремени закони и подобра соработка меѓу институциите е од голема важност за функционирање на стопанството, рече Андреева. Нејзиниот колега повика на намалување на бирократските процедури со кои се соочуваат претпријатијата.

„Ова е исклучителна година. И ние сме луѓе, ние не сме од камен направени. Навистина е несолидарно од нас да се бара да се понесе целиот товар“, додаде Благоја Грозданов.

Грозданов изрази надеж дека институциите ќе ги продолжат роковите за поднесување извештаи кои паѓаат на нивен товар. Според него државата мора да покаже слух за забелешките од приватниот сектор оти само така како што рече во иднина може да има функционални решенија .