Home Актуелно Заев: „За нас законот за јазици е уставен, ако се има разум, ќе се овозможи негово усвојување“

Заев: „За нас законот за јазици е уставен, ако се има разум, ќе се овозможи негово усвојување“

Доколку започне расправата за илјадниците амандмани поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците, во тој случај ќе бидат потребни најмалку 6 месеци за да се завршат сите. Овие амандмани се поднесени за неуставноста и ако се има малку разум ќе се даде можност за законот да се усвои, изјави премиерот Зоран Заев по двочасовната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Владата.

Заев рече дека нема разумни решенија помеѓу власта и опозицијата за законот. Како што рече тој, Собранието не е толкувач дали некој закон е уставен. Според Заев, Уставниот суд е тој што може да се произнесе за законот. Премиерот повтори дека ако законот се пушти во процедура, осдносно ако почне амандманска расправа која би траелa шест месеци, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде виновно за блокирање на процесите во државата. „За нас законот е уставен“, изјави Заев.

„Не смееме да дозволиме Македонија да биде блокирана во следните 6 месеци кои се важни за евроинтеграциите. Тоа значи дека процесите ќе останат блокирани и по самитот на НАТО во јуни. Апелирам на разумност“, рече Заев.

Тој додаде дека и СДСМ кога беше опозиција не се согласувала со некои работи, но, сепак, оставала процесите да течат. Заев изјави и дека нема намера да се меша во работата на судот во врска со приведените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за настаните од 27 април. „Правосудството е независно и делот на важењето на законот е еднкаво за сите“, рече Заев. „Притворите не смеат да бидат казна, но тоа е обврска и право на Јавното обвинителство и на судовите во РМ“, додаде премиерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…