Заев најави отворање на границите со соседните земји без ПЦР тестови – но само за неопходни патувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека Владата утре на својата редовна седница ќе го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за отварање на границите со Србија, Косово, Црна Гора и Албанија без ПЦР-тестови, но дека тоа ќе биде дозволено само ако е неопходно.

„Станува збор за регионална иницијатива, бидејќи горе-доле бројките се исти. Го чекаме уште одговорот од Србија и Бугарија, а утре ќе одлучуваме на редовната седница на Влада. Без ПЦР-тест ќе се поминува границата ама ако е најнеопходно, бидејќи и од дома излегуваме само ако е неопходно“, рече Заев.

Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање, објави денеска Министерството за здравство.

„Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање, стои во соопштението.