Home Актуелно Заев награден со награда Европска личност на годината и Носител на позитивни промени

Заев награден со награда Европска личност на годината и Носител на позитивни промени

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на манифестацијата важна за бизнисот во Југоисточна и Средна Европа, Најменаџер и најкомпанија за 2017, во Сараево, доби специјално признание, Европска личност на годината и Носител на позитивни промени во регионот.

Наградата му се доделува за ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, како и за создавање услови за унапредување и подобрување на животот кај граѓаните.

Неговата порака е дека благодари за довербата, што ја добива втора година по ред со најава дека ќе ги унапредува заедничките односи во интерес на целиот регион.

Премиерот Заев присуствуваше на традиционалниот бизнис собир, што се одржува 36 пат во Сараево, во организација на Независната европска агенција, Европско здружение на менаџери и списанието Еуроменаџер, во партнерство со надворешно-трговската комора на БИХ, на којашто доби признание од позиција на премиер, а лани доби награда за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа за 2016 година.

Премиерот Заев денеска се сретна со претседавачот на Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, а вечерва има работна вечера и со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Пораката на високо политичко ниво од Сараево е дека постои силна определеност за меѓусебна соработка со цел интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ и НАТО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…