Home Актуелно Забавен викенд во Зоолошка градина- подароци и детска престава за најмалите посетители

Забавен викенд во Зоолошка градина- подароци и детска престава за најмалите посетители

По поводот почетокот на новата училишна година, Зоолошка градина Скопје подготви многу изненадувања за најмалите посетители.

Во сабота од 12:00-14:00 секое детенце ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а маскотата кенгур ќе дели и мали слатки задоволства.

„Orange kids club” подготвува „Back to school” забава каде ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини.

Во недела, со почеток во 12:00 ќе се одигра детската претстава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“. Влезот за театарската претстава е бесплатен и ќе може да ја погледнат сите посетители во Зоолошката.

Инаку, ова лето Зоолошка градина Скопје бележи рекорди во посетеност. Неделно има и по 11 000 посетители, што е дупло повеќе во однос на минатото лето со што Зоолошката е најпосетената установа во Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…