Home Шоубизнис За себе тврди дека не е ништо посебно: На 45 години гола и заводлива пред објективите

За себе тврди дека не е ништо посебно: На 45 години гола и заводлива пред објективите

Атрактивната колумбиска актерка минатиот месец го прослави 45-от роденден, а потоа осамна на насловната страна од списанието Women’s Health угул гола, без ниту едно парче облека врз себе.

Жешката Софија Вергара, и покрај фактот дека без проблем позира на таа возраст „како од мајка родена“, никогаш не се расфрлала по секоја цена со голотија. Поради тоа, буквално беше изненадена кога доби понуда од споменатото списание да позира гола за нивните страници.

„На менаџерот му кажав дека наскоро ќе наполнам 45 години, па да престане да ме става во разголени ситуации. Дај ми да остарам достоинствено! Луѓето велат: Изгледаш како да си во 20-те години од животот. Но, тоа не е вистина. Кожата ми е поинаква. Никогаш не сум размислувала за порите, а тогаш, одненадеш: Срање! Што да правам со нив?“, вели Софија која, и покрај нејзиното „давање отпор“ кон тој факт, светот ја смета за секс симбол.

Сепак, убавицата се охрабри да го покаже своето толо тело, за да им покаже на помладите девојки дека нема ништо срамно во тоа, како и дека сите жени треба да бидат горди на своето тело, а не да се срамат кога веќе не се во топ форма.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…