За САД војната во Украина е „најдобрата инвестиција“ за американската безбедност – тоа што гинат луѓе е „само статистика“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украина потроши 3% од американскиот воен буџет за да уништи половина од руската армија – ова е во голема мера безобразната изјава на високиот републикански функционер Линзи Грем, која доаѓа со минимален обѕир за десетиците илјади загинати Украинци кои го овозможија така триумфалниот резултат за Американците.

Грем ова го изјавува за време на посетата на Киев, каде со Зеленски разговара за дополнително испраќање воена помош. Зборувајќи како со 3% од воениот буџет на САД уништиле половина од руската армија, Грем изјавува:

„Ова е најдобрата инвестиција за американската безбедност на сите времиња. Украина е фантастичен партнер – таков не сме имале уште од Черчил.“

Неговата критика за американското разузнавање е дека ја преценило силата на руската армија, кога зборувало дека Русија ќе може да ја освои Украина за 3 недели.

„Ова беше најголемото потценување на Украинците и преценување на руската армија од страна на нашето разузнавање. Јас самиот мислев дека руската армија е подобра отколку што е,“ порачал американскиот сенатор.